Еурофарм Пелистер сепак без Хендави против Магдебург (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска гостуваат кај составот на Магдебург на реванш дуел од осминафиналето од Лигата на Европа.

Иако клубот во текот на вчерашниот ден на своите информативни канали го најави египетскиот голман Карим Хендави како дел од ростерот за мечот во Германија, сепак тој остана во Македонија, па битолчани ќе бидат со истиот состав како на претходните два меча.

Тимот од Битола има големо заостанувње од првиот дуел од осум гола и тешко ќе може да надомести особено против екипа каква што е Магдебург и сосема извесно е дека домашните се големи фаворити за победа и на оваа средба.

Натпреварот меѓу Магдебург и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во „Гетек Арена“ со почеток во 18:45 часот.