Еурофарм Пелистер најави фан зона и многу забава пред секој натпревар во Лигата на Европа

Тимот на Еурофарм Пелистер во вторник стартува со новата сезона во Лигата на Европа, а во 1. коло од Групата Д се среќава со тимот на Ним.

Веќе е испланирано сè така што за секој натпревар на домашен терен е направен план за забава на фановите кои ќе дојдат во сала за да го следат натпреварот, но и за оние кои не успеале да купат билет. Тие ќе можат во фан зоната да го гледаат натпреварот преку видео бим.

Фан зоната ќе биде поставена пред салата „Боро Чурлевски“, а ќе биде отворена од 17 до 22:30 на денот на натпреварот. Средбата се игра со почеток во 20:45 часот така што фановите ќе можат да се дружат и да уживаат во забавните и музички активности. Ќе има и катче за најмладите како и храна и пијалоци за загревање на атмосферата.