Епилог од инцидентот во Унгарија – парични казни и суспензии за двајцата тренери!

Натпреварот од унгарското првенство кои пред две недели го одиграа ФТЦ Будимпешта и Ѓер кој заврши со резултат 29:24 беше обележан со инцидент помеѓу двајцата тренери.

Инцидентот меѓу двајцата тренери, Габор Елек (ФТЦ) и Мартин Амброш (Ѓер), кои претходно заедно ја водеа унгарската женска репрезентација, се случи во првото полувреме, односно при резултат од 14:11 за домаќинките.

Елек и Мартин влегоа во вербална расправија, која на моменти наликуваше дека ќе се претвори во физичка пресметка, но за среќа беше избегнат поголем инцидент. Во последната секунда Вероника Кристијансен од Ѓер доби црвен картон по прегледување на снимката, поради обид за спречување на удар од девет метри на домаќинот. Така ФТЦ доби пенал и го реализираше за триумф 29-24.

 

Сега се соопштени казните за двајцата стратези.

Казните и за Габор Елек и за Мартин Амброш се идентични. Двајцата добија суспензија за следните два првенствени натпревари, а освен тоа ќе треба да платат и 200.000 унгарски форинти (околу 520 евра).

Двете страни имаат право да испратат жалби за донесените одлуки.