Емоции во Франција: Колев се прости од Ница, заминува по шест сезони (ВИДЕО)

Некогашниот македонски репрезентативец, сега успешен стратег Марјан Колев, по шест сезони заминува од францускиот клуб Ница.

На последниот меч на кој Ница ремизираше План де Кук, 26-26, клубот се прости од стратегот што ги водеше долго време и им го донесе најголемиот успех.

45-годишниот Колев дојде во Ница во 2016 година, a само три сезони подоцна клубот стигна до вицешампионското место во Франција.

Во Ница Колев соработуваше со македонската голманка Јована Мицевска, која ќе го продолжи престојот таму, додека Колев ќе има нов ангажман.