Емоциите беа огромни – по драмата со Мотор, Тамше падна на колена!

Тренерот на Нексе, Брано Тамше емотивно го прослави пласманот на својот тим во четвртфиналето во Лига на Европа.

Словенецот на крајот од средбата со Мотор Запорожје падна на колена не можејќи да ги задржи силните емоции за остварениот успех.

Иако Нексе денес во Нашице загуби од Мотор Запорожје со 29:27, сепак поради победата остварена на првиот дуел од 27:23, обезбеди пласман меѓу најдобрите осум екипи во второто по квалитет европско натпреварување.

Хрватскиот вицепрвак откако минатата сезона играше Ф4 во Лига на Европа, сега повторно ќе може да се надева на повторување на ланскиот успех.

Нексе за противник во четвртфиналето го доби бундеслигашот Гепинген, кој во осминафиналето без многу проблеми го елиминираше Валур.

Нексе се врати од мртвите и слави четвртфинале во ЛЕ!