Нексе се врати од мртвите и слави четвртфинале во ЛЕ!

Екипата на Нексе на реванш дуелот против Мотор во рамки од осминафиналето од Лига на Европа доживеа пораз од 29:27, но поради победата на првиот меѓусебен дуел која беше изразена со четири гола разлика, 27:23, си обезбеди ТОП 8 во Лига на Европа.

Ракометарите на Мотор во првиот дел целосно го надиграа домаќинот, погодуваа од сите позиции и пред да се замине на пауза направија поубедлива разлика. Нексе никако не можеше да ги запре расположените гости, кои умешно ја казнуваа секоја грешка на домаќинот. По 30 минути игра, резултатот беше 16:9 за гостинот.

Украинскиот шампион од почетокот на второто полувреме до 45 минута одржуваше резултатска позитива од седум до осум гола разлика. Нексе во еден момент успеа да стопи дел од негативата и откако беше 24:16 за Мотор, следуваа четири гола во низа на домаќините за намалување на 24:20.

Мотор само за момент успеа да излезе од „црната дупка“, зголеми на 25:20, но упорниот домаќин повторно направи одлична серија од 3:0 и се доближи на само 25:22.

Последните десет минути поминаа во голема борба за секоја топка и беше јасно дека еден гол може да го одлучи патникот за четвртфиналето. Во период кога резултатската нишалка секој промашен, одбранет удар или грешка ја менуваше рамнотежата на теренот Нексе можеше да дојде и до израмнување.

Мотор во 55 минута имаше ,,плус три” 28:25, но минута подоцна тимот на Бранко Тамше намали на 28:26. За гостите немаше доволно време да ја надоместат негативата од првиот осминафинален дуел и во Нашице ја завршија европската авантура.

Елиминација од Лига на Европа доживеа Архус, откако во реваншот против Грањолерс беше поразен со 30:25 и не успеа да ја сочува предноста од првиот дуел на кој победи со два гола разлика, 34:32.

Титулата во Лига на Европа нема да ја брани Бенфика по елиминацијата од бундеслигашот Фленсбург, додека место меѓу најдобрите осум екипи обезбеди Кадетен Шафхаузен.

ЛИГА НА ЕВРОПА – ОСМИНАФИНАЛЕ

ФЛЕНСБУРГ – БЕНФИКА 33:28 (19:16)

ИШТАД – КАДЕТЕН 25:27 (9:14)

НЕКСЕ – МОТОР 27:29 (9:16)

АРХУС – ГРАЊОЛЕРС 25:30 (13:16)

ГЕПИНГЕН – ВАЛУР 20:45ч

ФУКСЕ БЕРЛИН – СКЈЕРН 20:45ч

СПОРТИНГ – БИДАСОА 20:45ч

МОНПЕЛЈЕ – ФТЦ 20:45ч