Емилијан Ѓорговски успешно опериран

Левиот бек на Еурофарм Пелистер, Емилијан Ѓорговски е успешно опериран, откако имаше хирушки зафат на менискусот на коленото.

Младиот ракометар, кој на почетокот на оваа сезона беше прекомандуван од вториот во првиот тим на ,,фармацевтите” го очекува период на рехабилитација.

Вчера успешна операција од Еурофарм Пелистер имаше Руди Сери. Французинот на терените ќе се врати во следната сезона.

Македонскиот вицепрвак за натпреварите од плеј-оф фазата на левата бековска позиција на располагање ги има Себастијан Хенеберг, Мохамед Суси и Павле Атанасијевиќ.