Екс тренер на Вардар пред преселба во Турција

Поранешниот тренер на женскиот клуб Вардар, Ким Расмусен според шпекулациите од турските медиуми е на добар пат да стане нов тренер на амбициозната екипа од Турција, Кастамону.

Пред извесен период се споменуваше името на Драган Аџиќ како нов тренер на турскиот клуб. Црногорецот доби нов ангажман и ја презеде женската селекција на Словенија, па така се очекува дека ќе се задржи во некој клуб од Балканот. Данскиот тренер и Ракометната федерација на Црна Гора ја прекинаа соработката по пласманот на Црногорките на Олимписките игри во Токио.

Расмусен имаше кратка авантура во Вардар, а потоа го презеде кормилото на ЧСМ Букурешт и успеа со романската екипа да ја освои Лигата на шампионите.

Освен што беше селектор на Црна Гора, во периодот од 2016 па се 2020 година беше селектор на женската репрезентација на Унгарија. Турскиот суперлигаш Кастамону остана без квалитетен тренер, откако раководството на клубот реши да ја прекине соработката со Хеле Томсен.