Екс ракометар на Вардар, Tатран, Горење…на чекор до потпис со Пролет

Поранешниот црногорски репрезентативец Жарко Пејовиќ е блиску до камбек во Македонија и потпис за тимот на Пролет.

Средниот бек, кој го носеше дресот на Вардар пред осум години, минатата сезона беше дел од израелскиот тим Хапоел Ашдод, но сезонава се уште нема настапувано никаде и прашање во каква форма е.

Освен за Вардар, Пејовиќ има настапувано за Будуќност, словачкиот Татран Прешов, францускиот Данкерс, словенечкиот Горење, Црвена Ѕвезда…

Лани Пролет имаше странски играч во своите редови по подолго време, Цуро Мујиќ, кој одигра само неколку натпревари пред прекинот поради пандемијата.

На средната бековска позиција, тренерот Никола Матлиески ги има капитенот Ласко Андоновски и Марио Гичев, како и Илија Мелоски. Пролет досега одигра шест меча во Суперлигата и забележа четири победи и два порази, од КЛ7 и од Охрид.