Некогашна голманка на Кометал ЃП почна тренерска кариера

Некогашната голманка на Кометал Ѓорче Петров, Aна Крижанац, започна тренерска кариера. Хрватката веќе го заврши вториот Модул од Мастер Коуч курсот и се наоѓа на чекор до Мастер лиценца.

Таа го чуваше голот на некогашниот европски шампион во сезоната 2008/09, кога Кометал ЃП за последен пат играше во Лигата на шампионите.

Крижанац е тренер на голманите во женската кадетска репрезентација на Хрватска, а работеше и во клубот Сињ.

Во својата биографија има запишано настапи за Сплит, Липовац, Трогир, а по настапите за Кометал ЃП, бранеше и за шпанската Бера Бера. Потоа се врати во Хрватска и беше дел од Арена, Желина, па повторно Сплит, додека играчката кариера ја заврши во босанскиот тим Груде во 2017 година.