Екс вардарката стигна во Подгорица: Лекиќ „позираше“ во дресот на Будуќност

Некогашната ракометарка на Вардар, Андреа Лекиќ, која во Скопје мина пет сезони, пристигна во Подгорица и ќе му се приклучи на тимот на Будуќност.

Црногорскиот првак ги почна подготовките претходната седмица, а Лекиќ се придружи подоцна поради затворените граници.

Откако доби негативен тест на коронавирусот во Белград, српската репрезентативка доби дозвола да патува во Црна Гора.

Алисон Пино дојде пред десетина дена, Барбара Аренхарт се приклучи во понеделникот, па сега останува да дојде уште руската репрезентативка Валерија Маслова.

Будуќност во новата сезона од Лигата на шампионите ќе игра против Подравка, Ѓер, Брест, Валчеа, Борусија Дортмунд, Оденсе и ЦСКА Москва.