Екс вардарец избран за најдобар лев бек во историјата на Чеховски Медведи

Некогашниот лев бек на Вардар, Алексеј Растворцев, е избран за најдобар на таа позиција во рускиот шампион Чеховски Медведи.

Навивачите во текот на летото ги избираат најдобрите по позиции во клупската историја, па дојде ред и на левата бековска позиција.

Растворцев, кој во Вардар играше на крајот на кариерата во сезоната , а по враќањето од Војводина, работеше во клубот, освои 50% од гласовите.

На второто место се најде Дмитри Санталов со 13% гласови, додека трет беше Сергеј Горбок со 5% гласови.

Претходно за најдобар среден бек во историјата на „мечките“ беше избран Василиј Филипов, за најдобар пикер Артем Гриценко, додека најдобар десен бек е Алексеј Камањин.