Една од норвешките легенди му се враќа на ракометот

Една од легендите на женскиот ракомет, Гро Хамерсенг-Един повторно ќе биде активна на ракометните терени. Норвежанката во наредниот период ќе има сосема друга улога.

Хамерсенг-Един, која беше избрана за најдобра ракометарка на светот од ИХФ во 2007 година, од ракометната федерација на нејзината земја ја доби довербата да биде селектор на норвешката женска репрезентација на ракометарки од генерацијата 2006. Нејзината селекторска авантура ќе стартува од 1 јуни.

На Хамерсенг во селекторскиот тандем ќе и се придрижи и Ане Мелберг. За тамошните медиуми го изрази своето задоволство за соработката со Мелберг и очекува позитивни вибрации.

„Јас навистина се радувам за соработката со Мелберг. Како што гледам, ние имаме потенцијал да бидеме добар тим, бидејќи и двете имаме малку поинакви искуства. И двете сме исклучително страствени за задачата со која се соочуваме. Сметам дека поседуваме многу ракометно знаење. Имаме голема верба дека ќе се надополниме една со друга со различните квалитети и врвни вештини што можат да создадат почетна точка за развој во целата работа”, изјави Хамерсенг-Един.

По завршувањето на нејзината кариера ретко беше во фокусот на ракометните медиуми. Во 2017 година одлучи да се посвети повеќе на приватниот живот со својата партнерка, Ања Един.