Еднаш вардарец, секогаш вардарец: Навивачи во посета на Чупиќ и Циндриќ во Сегедин (ФОТО)

Македонската фаланга и на ова Европско првенство е во голем број, а Македонија имаше одлична поддршка од трибините. На сите средби имаше доста навивачи од Македонија, а дел од нив искористија можност да отпатуваат и до Сегедин каде што играат селекциите на Хрватска и Србија.

Страстните навивачи на Вардар, Љупчо – „Ждаре“, Горан – „Чарли“  заедно со Валентина, Светлана, Олга и Моника беа на средбата на Македонија, но и на дербито меѓу Хрватска и Србија.

Тие беа гости на поранешните играчи на Вардар, Иван Чупиќ и Лука Циндриќ и им дадоа поддршка така што имаа можност за уживање во ова Европско првенство.

Покрај тоа можеа и да се фотографираат и да го овековечат овој момент така што останува засекогаш бидејќи ваквите големи настани секогаш значат многу и за фановите и за спортистите.