Еднаш вардарец, засекогаш вардарец – Дибиров со честитка за екс колегите (ФОТО)

Ракометарите на Вардар славеа со 31-24 во првата дерби пресметка со Еурофарм Пелистер од суперлигашкиот плеј-оф.

Довчерашниот член на Вардар, Тимир Дибиров, кој во оваа сезона настапува за Вардар, им честиташе на поранешните колеги за победата против битолскиот тим.

Дибиров беше еден од играчите со најдолг стаж во Вардар и беше дел од најголемите успеси на „црвено-црните“ во изминатиот период.

Со Вардар освои седум титули во Македонија и седум трофеи во Купот, како и три трофеи во Супер Купот, четири титули во регионалната СЕХА лигата и две во Лигата на шампионите.

Вардар ја доби првата битка против Еурофарм Пелистер, ќе брани „плус седум“ во Битола