Еден одложен меч доби термин: Металург ќе го пречека Фајверс на 22 декември

Одложениот натпревар меѓу тимот на Металург и австрискиот Фајверс, кој требаше да се игра во Скопје на 24 ноември, доби нов термин.

Поради позитивни случаи во Фајверс таа средба беше одложена, а беа исто така одложени и дуелите со Висла и Чеховски, па тимот од Автокоманда немаше одиграно ниту еден натпревар дома.

Сега е официјализирано дека тој натпревар ќе се игра на 22 декември во Скопје со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Металурзи се уште се во карантин поради два позитивни случаи, а ќе имаат згуснат распоред и во домашното првенство.

Досега тимот од Автокоманда одигра две средби во Лигата на Европа и забележа два порази на гости кај Тулуз и Адемар Леон.