Еден Митков недоволен за Брегенц

Тимот на Брегенц, каде што игра поранешниот македонски репрезентативец Влатко Митков, одигра натпревар од австрискиот шампионат пред настапот во Челинџ Купот.

Според очекувањата, Брегенц загуби на гостински терен од фаворизираниот АОН Фиверс Маргаретен со 27-24.

Митков беше најдобар на теренот и постигна седум голови, но немаше голема поддршка од неговите соиграчи во борбата за поволен резултат.

В сабота Брегенц го игра првиот дуел од третото коло во Челинџ Куп на гостински терен кај финскиот ХИФК Хелсинки.