„Едвај чекам да ја почувствувам атмосферата во Битола за која сум слушал многу“

Тимот на Алборг е еден од ривалите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.

Левото крило на данскиот тим, Бустер Јул, ги сподели импресиите по ждрепката пред стартот на возбудувањата во елитното натпреварување.

„Нашата група е добра и имаме шанси да се најдеме на врвот на табелата. Ќе биде интересно кога ќе се соочиме со Сандер Сагосен и Колстад, а со нетрпение го чекам натпреварот со Еурофарм Пелистер и да ја почувствувам атмосферата и нивниот терен за кој сум слушал од многумина“, вели Јул.

Дуелот со битолчани ќе биде шанса за членот на Алборг да игра против двајца свои сонародници – пивотот Андреас Нилсен и Каспер Кисум.