Египет го надигра Катар, 11 голови на Вајлупов не беа доволни за Белорусија

Пред два дена веќе започнаа да се играат контролните натпревари пред стартот на Светското првенство во Полска и Шведска.

Белорусија е на двомеч со учесникот на Мундијалот, Бахреин, а во првиот меч славеа Белорусите со 33-28.

На вториот дуел и покрај 11 голови на десното крило Никита Вајлупов, Бахреин се реваншираше и победи со 30-27.

Селекцијата на Египет, без дел од главните ракометари и селекторот Роберто Парондо, успеа да го совлада Катар со 21-18.