Душебаев: Среќен сум што го победивме европскиот првак уште еднаш!

Келце славеше со 36-29 над европскиот првак Вардар и освои четири бода за седум дена против истиот ривал.

Тренерот на домашниот тим вели дека е среќен за одличното издание на неговите ракометари и победата над се уште актуелниот владател во Европа.

„Многу сум среќен за победата. Вардар е актуелен европски првак, па дури по Ф4 во декември, ќе има нов шампион. Знаевме пред стартот дека е многу тешко да се игра два меча за кратко време со ист тим. Игравме против Вардаар со полн респект, од почеток до крај. Го знаевме резултатот од Веспрем и бевме малку исплашени, знаевме дека мора да се бориме во текот на сите 60 минути. Тешко е за тренер да работи во вакво корона време. Вардар едвај одигра четири меча во три месеци и се надевам дека ќе бидат подобри во следните натпревари“, вели Душебаев.

Следен предизвик за Келце ќе биде домашниот меч со Фленсбург, додека Вардар ќе му гостува на Порто.

Вардар немоќен против Келце и во Полска, претрпе нов пораз

Алушовски: Игравме без енергија, ова е реален резултат!

 

Валчак: Имавме добар старт, а потоа се тргна наопаку…

Турна: Победивме силен тим