Турна: Победивме силен тим

Келце по вторпат во седум дена оствари убедлива победа над европскиот шампион Вардар.

Пикерот на полскиот првак, Николас Турна, смета дека одличната игра во одбраната им овозможила лесни голови од контранапади.

„Многу сум среќен по победата, имаме голем респект кон Вардар, кој е силен тим. Игравме добро во одбраната, реализиравме многу контранапади и ова ќе ни биде пример како треба да играме и во следните натпревари“, вели Турна.

Следниот натпревар во Лигата на шампионите Келце ќе го игра на гости кај ПСЖ, а Вардар ќе му гостува на Порто.

Вардар немоќен против Келце и во Полска, претрпе нов пораз

Алушовски: Игравме без енергија, ова е реален резултат!

Душебаев: Среќен сум што го победивме европскиот првак уште еднаш!

Валчак: Имавме добар старт, а потоа се тргна наопаку…