Валчак: Имавме добар старт, а потоа се тргна наопаку…

Европскиот првак Вардар загуби на гостувањето кај Келце со 36-29 и тоа беше втор пораз во седум дена од истиот ривал во Лигата на шампионите.

Некогашниот играч на Келце, а сега играч на Вардар – Патрик Валчак смета дека клучот на домашната победа се загубените топки во нападот на Вардар.

„Мислам дека имавме добар старт во првите десетина минути, а потоа се тргна наопаку. Правевме многу наивни грешки, загубивме многу топки и му дадовме шанса на Келце да постигне лесни голови од контранапади. Тоа беше клучно за тие да не победат“, краток беше Валчак.

Следен предизвик за Вардар ќе биде гостувањето кај составот на Порто, со кој ремизираше во Скопје.

Вардар немоќен против Келце и во Полска, претрпе нов пораз

Алушовски: Игравме без енергија, ова е реален резултат!

Душебаев: Среќен сум што го победивме европскиот првак уште еднаш!

Турна: Победивме силен тим