Алушовски: Игравме без енергија, ова е реален резултат!

Полскиот првак Келце оствари лесна победа над Вардар со 36-29 и освои четири бода во седум дена против европскиот првак.

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски смета дека неговите ракометари играле без енергија, и кога ќе се собере се, тоа е реалниот резултат.

„Честитки за Келце и на Душебаев за втората победа над Вардар во седум дена. Игравме одлично на стартот, но имавме проблеми во транзицијата и тим како Келце, кој можеби игра најдобро во тој дел во моментов, не казни и имавме негатива од шест на полувреме. Во вториот дел игравме седум на шест, но и така не можевме да организираме квалитетен напад. Во одбрана игравме без енергија, особено еден на еден. Кога на крајот ќе се собере се, ова е реалниот резултат“, вели Алушовски.

Следен предизвик за Вардар ќе биде гостувањето кај Порто, а до крајот на годината останува уште домашниот натпревар со ПСЖ.

Вардар немоќен против Келце и во Полска, претрпе нов пораз

Душебаев: Среќен сум што го победивме европскиот првак уште еднаш!

Валчак: Имавме добар старт, а потоа се тргна наопаку…

Турна: Победивме силен тим