Дувњак не мрда од Кил, добива договор на нови две сезони

Капитенот на Кил, Домагој Дувњак ќе остане дел од екипата и во следните две сезони, што значи дека претстојот ќе му биде продолже најмалку до летото во 2024 година.

Откако станува сè поизвесно дека Сагосен ќе си замине од клубот јасно е дека раководството на Кил не сака да го загуби и Дувњак кој стана икона на овој клуб откако дојде да настапува во него.

Дувњак е дел од Кил од 2014 година така што со новиот договор би добил можност за цели десет години да го носи дресот на „зебрите“ и да остане лидер на тимот.