Драчево и Партизан се изнадаваа голови, постигнаа дури 79

Екипите на Драчево и Партизан одиграа многу ефикасен натпревар во 4. коло од Првата лига, а победата им припадна на домаќините кои ги освоија бодовите со триумф од 45:34.

Драчево имаше одличен почеток на натправарот, ракометарите влегоа максимално и веднаш обезбедија висока предност. После 3:0, Драчево поведе со 10:2 и најави висок триумф, а до полувремето веќе ја обезбеди победата кога имаше предност од 24:15.

Второто полувреме беше формалност. Драчево рутински го контролираше резултатот и сигурно го водеше натпреварот кон триумф. Стрелците во двете екипи беа многу расположени до самиот крај и постигнаа вкупно 79 голови.

Најефикасен во тимот на Драчево беше Бобан Андовски со девет гола, осум постигна Филип Дабевски, додека по седум гола дадоа Димовски, Матовски и Петковски. Во составот на Партизан најрасположен беше Тодор Узунчев со 14 погодоци, додека Димитар Узунчев погоди деветпати.