Драчево доминантно до триумф над Шампион

Ракометарите на Драчево имаа лесна задача во второто коло од Првата лига и остварија лесна и убедлива победа против екипата на Шампион кого го совладаа со 32:28.

Уште од самиот почеток домашниот тим го диктираше темпото, отвори 3:1 а потоа беше и 9:5. До крајот првиот дел Драчево стигна до двоцифрена предност и веќе ја имаше обезбедена победата кога водеше 20:9.

Во второто полувреме со доминантна игра домашниот тим ја потврди победата и запиша бодови. Шампион имаше многу исклучувања и една третина од мечот го одигра со играч помалку или имаше десет суспензии по две минути и еден црвен картон.

Предводник до победата на Драчево беше Филип Дабевски со седум гола, додека шест постигна Бобан Андовски. Во тимот на Шампион најпрецизен со четири погодоци беше Христијан Сибиновски.