Драма на прволигашкото дерби: Дука е херој – го спаси Драчево од пораз од Аеродром (ВИДЕО)

Ракометарите на Драчево и Аеродром одиграа нерешено во прволигашкото дерби, 26-26. Во последната минута се влезе со реми 25-25, пред Олтовски да погоди за предност на гостите од Аеродром. Домашните го последниот напад, изнудија седмерец, кој Дука успешно го реализираше за 26-26 и по еден бод за двете екипи.

Драчевци тргнаа силовито и поведоа со 5-2, но избраниците на Дарко Петровски се вратија во мечот и поведоа со 8-7. До крајот на првиот дел се играше најчесто гол за гол, а Аеродром ја имаше предноста на паузата, 14-13.

Така се играше и во поголемиот дел од второто полувреме, но во финишот Аеродром ја презема контролата. Бучуковски им донесе плус два на гостите, 25-23 на три минути до крајот.

Но Драчево ги одбрани следните два напади на аеродромци, а на спротивната страна погоди два пати Дабевски и се влезе во драматична завршница, во која двете екипи мораа да се задоволат со по еден бод.

Најдобри стрелци кај Драчево беа Ѓорѓи Дука со десет гола, шест од нив од пенал и Дабевски со шест погодоци, додека кај Аеродром Пајкоски постигна шест гола, а по четири пати во листата на стрелци се запишаа Пејковски и Анакиевски.