Драма во Плоцк – Висла низ изглени уши на Ф4, таму ќе играат и „лисиците“

После голема борба ракометарите на Висла Плоцк ја совладаа екипата на ГОГ Гудме во реваншот од четвртфиналето во Лигата на Европа со 31:26 и обезбедија настап на завршниот турнир. Полскиот тим беше подобар за два гола од ГОГ со вкупен збир 58:56.

Првото полувреме беше максимално израмнето, двете екипи имаа добри периоди и водство но на паузата заминаа со 13:13. Во продолжението домашниот тим имаше постојано водство и контрола на играта што им ја донесе посакуваната победа за елинимација на данскиот тим.

Сепак во финишот беше драматично. При резултат 30-26 за Висла, ГОГ имаше напад во последните секунди и пропушти голема шанса да погоди за 30-27, што ќе беше ист резултат од првиот меч. Домашните ја казнија таа грешка на ГОГ и заслужено се радуваат на крајот.

Најефикасни во тимот на Висла Плоцк беа Крајевски со шест гола и Михиќ со пет реалиации, додека во тимот на ГОГ најдобри беа Гидсел и Бергендал со по пет постигнати гоови.

Германскиот претставник Фуксе Берлин славеше над Монпелје со 31:23 што беше доволно за поминување понатаму после поразот од три гола во првиот дуел. Почетните минути им припаднаа на домашните ракометари, Фуксе Берлин поведе со 4:1 но Монпелје одговори со три последователни гола за израмнување. Следуваа шест-седум минути израмнета игра, а потоа повторно домаќините влегоа во добар ритам. До крајот на полувремето ја анулираа негативата од три гола од првиот дуел кога водеа 16:13.

Во продолжението Монпелје немаше одговор на играта на противникот, Фуксе Берлин целосно имаше контрола на резултатот и натпреварот а разликата продолжи да расте. Лисиците имаа и највисоки девет гола во финишот и заслужено стигнаа до победата која ги носи на фајнал-фор.

Убедливо најефикасен во тимот на Фуксе Белин беше Ханс Линдберг со 12 погодоци, а шест постигна Тим Матес. Дејан Милосављев имаше добро издание со 11 интервенции. Во составот на немаше расположени стрелци, а најабележителен беше голманот Бонефоа со 12 одбрани.