Драматично и неизвесно во Веспрем: Победникот ќе се одлучува во Келце

Дуелот на титаните во четвртфиналето на Лигата на шампионите го одбележа борбена изедначена игра на двете екипи која заврши во егал на 29-29. Келце имаше предност од три голови на полувремето против Веспрем (13-16). Но од Унгарија заминува само со нерешен резултат откако второто полувреме Веспрем го искористи за комплетен пресвцрт во дуелот. Приказната на полскиот првак се уште е неизвесна, финансикиот крах не е надминат, но ракометарите го одиграа најдобриот натпревар сезонава, силно мотивирани и технички точни, имаа предност и ја контролираа играта во првиот дел, но во вториот дозволија Вепсрем да ја преземе иницијативата, па дури и да поведе со три голови. На крај нерешените 29-29 се најреална слика од овој дуел, кој е најава за суперинтересен реванш во Полска.

Од самиот почеток Келце најави дека повеќе го посакува билетот за Келн. Имаше предност од 3 гола, која домаќинот иако ја намали не успеа во ниту еден момент да го изрмани резултатот. Силниот финиш на првиот дел, грешките во нападот на Веспрем и тимскиот дух ја одведе полската екипа на три голови по првите триесет минути. Двете екипи на пауза заминаа со резултат 13-16 во корист на гостите.

По паузата се врати желбата кај домаќините, ја подобрија својата игра, на спротивната страна Келце промашуваше, а тоа резултираше со израмнување на резултатот на 20-20 во 40 минута. Следуваше период во кои двете екипи промашуваа, а Шрлек го најави комплетниот пресврт на натпреварот. Со низа од три голови, и грешките на Душебаев во нападот, Веспрем за прв пат поведе со три голови, 23-20. Разлика која се намали на еден гол, но Веспрем беше постојано во предност и го диктираше темпото и резултатот.

Домаќините имаа предност до 52 минута, кога една грешка на Елдера, и промашување на Лауге им овозможија на Торна и Мораито да ја врати предноста во посед на гостите.

Во драматична завшница пожртвувана и мотивирана игра на ракометарите на Келце, вроди со плод. Украдена топка и брз контра напад кој го реализираше Душебаев ги одведе полските ракометари на два гола предност 26-28 во 57.минута. По само 90 секунди Веспрем искористи одбраните на Коралес и преку Елдера ја врати неизвесноста на дуелот со ново израмнување на 28-28. Мораито од пенал линијата му донесе нова предност на Келце, а на три секунди до крај Лауге ги постави конечните 29-29. Првиот четвртфинален дуел заврши без победник, како најава за реваншот за седум дена.

Елдера ја предводеше листата стрелци кај Веспрем со 6 голови, го следеа Ремили и Штрлек со по 5 голови. Кај Келце Алекс Душебаев постигна 6 погодоци, Мораито 5, а Сичко 4 голови.

Возвратниот дуел од ова четврфинале се игра во полски Келце за седум дена. Победникот од овој дуел обезбедува директен пласман на завршницата од Лигата на шампионите во Келн.