Драмата во Бутел со реми, Пролет сигурен патник во Европа

Ракометарите на Бутел Скопје и Пролет ремизираа во дербито на 12 коло од суперлигашкиот плеј-оф, 26-26. Во интересен натпревар, Пролет имаше поголема шанса за победа, но не го реализираше последниот удар.

Се играше гол за гол на до среедината на првото полувреме, до 7-7. Пролет во продолжение искористи неколку грешки во нападот на Бутел Скопје и успеа да се одлепи на предност од 7-10.

Беше 9-12, набрзина домашните преку екс ракометарите на Пролет, Спасовски и Младеновски намалија на 11-12, а до крајот на полувремето успеаја да се вратат во игра и израмнија на 13-13.

На стартот на вториот дел, Младеновски погоди за прво водство на Бутел, 14-13, но Аларов возврати веднаш. Ангелов го замени Цветковски на голот на Пролет, но немаше премногу полза од тоа, па домашните за првпат на мечот преку Младеновски стигнаа до плус два, 20-18.

Toa што тешко го градеа, лесно го загубија, па Пролет со три гола за две минути си ја врати предноста на своја страна, 20-21. Мојсоски од пенал израмни, а подоцна имаше уште една шанса, но Ангелов го прочита, па гостите преку Потиќ и Аларов стигнаа до 21-23 на десетина минути до крајот.

Печенковски на два пати беше подобар од Ангелов од линијата за седум метри, но Пролет се уште водеше, 23-24. Од безилезна ситуација гостите зголемија на 23-25, но Јевтиќ брзо возврати за 24-25 на пет минути до крајот.

Во последните две минути се влезе со резултат, 24-26, Мојсоски успеа да погоди од тежок агол за 25-26, а гостите промашија во следниот напад. Пикерот Јевтиќ донесе реми за Бутел, 26-26. Пролет имаше шанса во последниот напад, но не реализираше. Сепак и бодот значи скоро сигурно место во Европа.

26 мај 2021
26 - 26
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
26 мај 2021 21:07 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 26.05.2021 60'

Место

УС „Антон Димитров“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БУТЕЛ1326Реми
ПРОЛЕТ1326Реми

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Наум Симјановскиголман00
6Јовица Младеновскилев бек25
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек01
9Марко Божиновскилево крило01
10Марко Митевцентрален бек00
14Бојан Спасовскипивот01
15Златко Мојсоскидесно крило04
17Бојан Спасовскидесен бек00
18Христијан Милошевскилев бек00
22Стефан Стојчевиќпивот00
23Горан Печенковскицентрален бек03
24Златко Даскалоскиголман00
26Душан Трифковиќ-06
33Владимир Јевтиќпивот14
34Кристијан Василевскипивот10
64Мирко Мајиќлево крило01
 Вкупно 426

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Филип Василевскипивот00
4Михаил Аларовпивот04
7Кристијан Давитковскидесен бек00
8Дејан Пецаковскилев бек05
10Стефан Доневпивот00
11Виктор Додевскидесно крило00
13Мартин Димовдесно крило01
15Ласко Андоновскицентрален бек03
19Доне Мајновдесен бек00
20Виктор Дамчевскилево крило00
24Виктор Крстевскилево крило00
26Петар Ангеловголман00
33Јане Цветковскиголман00
55Никола Потиќдесен бек06
71Давор Палевскилево крило01
99Жарко Пејовиќцентрален бек16
 Вкупно 126

Officials

Судии:Делегат:
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
НИКОЛОВ СЛАВЕ
МЕТАЛАРИ КАМЕР

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515