„Доцниме со селекцијата, девојчињата треба да се пред момчињата“

Анжела Платон денеска работи како тренер на кадетската екипа на ЖРК Вардар и морав да ја прашам  како наоѓа инспирација за работа во услови кога женскиот ракомет е далеку од оној некогаш кога таа била играч?

Некогашната репрезентативка вели дека доцниме со подготовките за Европското првенство што не чека за две години во Македонија.

„Сама не можам ништо, единствено можам моето знаење и желбата за ракомет да ги пренесам на девојчињата. Она што е потребно е некоја стратегија на државно ниво. Домаќини сме на ЕП 2022 што значи дека овие девојките од генерација 2004/05 треба да бидат во таа репрезентација. Генерациски сме пред момчињата, но тие веќе имаа и собири и акции и натпревари, додека за девојчињата првиот филтер со 180 деца беше направен во октомври годинава. Многу доцниме. Оваа генерација требаше да се собере уште лани и да почне со работа, најмалку две години треба да бидат заедно. Затоа што кога ќе дојде ЕП 2022 повторно некој ќе се најде кој ќе префрла дека ништо не сме направиле, а за се треба време. Проблемот и во сениоорската репрезентација кај нас е што добрите девојки бегаат во странство за да заработат подобро, а играат во втора или трета лига каде квалитетот е понизок и далеку од оние натпревари кои треба да ги имаат. Ако се направи како порано пет-шест екипи со ист квалитет, со спонзори кои ќе вложуваат во македонскиот играч и со поддршка на еден-двајца играчи верувам дека ќе биде подобро.“

Интервјуто со Анжела Платон може да го прочитате во продолжение…

ИНТЕРВЈУ АНЖЕЛА ПЛАТОН: Ѕвездите не прават тим, затоа ЖРК Вардар не го достигна успехот на Кометал