Доминација на Еурофарм Пелистер, со плус шест на одмор против Кадетен

Екипата на Еурофарм Пелистер има предност од 16:10 после првите 30 минути против Кадетен Шафхаузен откако во текот на целото полувреме одигра подобро од ривалот.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер тргнаа добро во средбата и за само неколку минути веќе имаа направена предност. Поведоа со 3:1 и овие два гола им дадоа можност да имаат контрола на играта на теренот.

На добрата игра во нападот се надоврза и голманот Трајковски со 2-3 одбранети зицери така што ова овозможи на средина од првото полувреме да се дојде до предност од 8:4.

Тука дојде до мал период на слаба реализација. Неколку напади не беа реализирани, а потоа во одбраната не беше на ниво и гостите се вратија во мечот. Во 22. минута резултатот беше 9:8, но потоа за три минути одново водството беше вратено. Неколку убави погодоци ги вратија четирите гола позитива и Еурофарм Пелистер имаше 13:9.

Откако Чаневски успеа да одбрани веднаш потоа еден од најмладите на теренот, Мараш со гол од десетина метри донесе првпат плус пет гола, 14:9, а ова беше на четири минути пред заминување на одмор.

Предноста продолжи да расте и дојде до седум разлика, 16:9, но во последните моменти од првиот дел беше примен гол за 16:10 на одмор.

Најефикасни со по три гола се Кушан и Граџан, додека два погодока има Мандалиниќ. По еднаш во листата на стрелците се запишаа: Костески, Маркоски, Радовиќ, Периќ, Вегар, Стјепановиќ и Мараш. Кај гостите трипати прецизни беа Шелкер и Марош.