Доколку пропуштивте: Најдоброто од Македонија – Луксембург во три минути (ВИДЕО)

Лесно и доминантно со убедлив триумф против Луксембург, 38-24 (18-7) одигра Македонија на стартот од квалификациите за ЕП 2024 година.

Македонија фаворитската улога ја оправда уште во првите 30 минути, додека во вториот дел рутински ја одржуваше стекнатата предност од првото полувреме и успешно го стартуваше квалификацискиот циклус.

Имаше одлични моменти од речиси сите играчи и секој даде свој придонес во оваа победа.

Што се случуваше на оваа средба можете да погледнете во најинтересните моменти поврзани на едно место во видео од три минути. Истото можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Македонија со „новите момчиња“ доминантно и триумфално го почна патот на ЕП 2024