Додиќ оди на позајмица две сезони, Загреб е една од можните дестинации!

МВП играчот на Европското младинско првенство, Стефан Додиќ, сепак нема да игра во полскиот Келце, барем не во следните две сезони.

Претседателот на полскиот клуб, Бертус Сервас, го потврди тоа за „Спортове Факти“ и откри дека има многу опции за Додиќ.

„Има многу опции. Една од нив е спеицифична, од клуб што игра во Европските купови, но не е од Балканот. Зборувавме веќе и со Загреб, ако пропадне првата опција, тогаш се враќаме за опцијата Загреб. По ЕП, Додиќ привлече многу внимание. Ние ќе го позајмиме на две сезони и потоа ќе решиме дали ќе биде подготвен да игра кај нас“, вели Сервас.

Загреб остана без Сандро Обрановиќ и Филип Вистороп, па активно бара среден бек за претстојната сезона.

Српскиот репрезентативец кој играше за Металург, Охрид и Вардар, има договор со Келце до 2026 година.