Се разделија Милан Бомаштар и Адемар Леон!

Раководството на Адемар Леон одлучи да ја прекине соработката со голманот на сениорската репрезентација на Србија, Милан Бомаштар, кој во редовите на шпанскиот суперлигаш пристигна изминатата сезона од Металопластика.

Шпанскиот клуб ја потврди разделбата на веб-сајтот, но не ги откри причините за тоа.

23-годишниот голман, кој во дресот на Србија дебитираше на Европското првенство во Унгарија и Словачка, ќе мора да бара нов клуб пред старот на новата натпреварувачка сезона, но исто така, Адемар Леон ќе треба да најде соодветна замена за Бомаштар.

Српскиот голман со Адемар Леон настапуваше во Лига на Европа, додека со неговиот матичен клуб, Металопластика Шабац играше во ЕХФ Купот.