Доаѓа Чупиќ, за Божиќ Павлетиќ нема место во Загреб

Повремениот репрезентативец на Хрватска, Јосип Божиќ Павлетиќ, се пресели во бундеслигашот Гепиген.

Десното крило беше член на хрватскиот шампион Загреб, но во следната сезона во конкуренција на повратникот, Иван Чупиќ, како и на Владо Матановиќ, тешко дека ќе добива голема минутажа.

26-годишниот ракометар својата кариера ја започна во Нексе, клуб во кој настапуваше од 2012 па се до крајот на 2017 година.

За репрезентацијата на Хрватска има одиграно осум официјални натпревари и постигнато исто толку голови. Беше дел од сениорската репрезентација на Хрватска на Светското првенство 2017 година во Франција.

Загреб во преостанатиот дел од сезоната ќе настапува со Владо Матановиќ и Паоло Краљевиќ на десната крилна позиција.