Дисингер: Шест месеци немаме земено плата, само чудо може да ме задржи во Вардар

Познато е дека шампионот на Европа Вардар повтроно поминува низ кризен период, освен резултатски најголемо внимение во медиумите добиваат финансиските проблеми. Сè почесто во медиумите се појавуваат изјави од ракометарите кои се жалат на неисплатени плати.

Пред десетина дена Даинис Кристопанс за медиумите во Летонија се пожали дека доцнат исплатите во Вардар, а сега и Германецот Крситјиан Дисингер, кој на новинарите во Германија им се пожали дека во црвно-црниот тим играчите добиваат само „трошки“.

„Во моментов е многу комплицирано за сите нас во тимот. Најголем дел од ракометарите немаат земено плата веќе половина година, а периодично добиваме само „трошки“. Во Скопје може да се преживее и со 300 евра, но фактот што не го добиваш своите заработени пари носи стрес и нервоза. Затоа не зачудува што полека речиси сите сегашни играчи на Вардар полека наоѓаат нови клубови за следната сезона. Мојот договор завршува во јуни и само чудо може да ме задржи во дресот на Вардар за следната сезона“, изјави Дисингер.

Во наредниот период останува да видиме дали трансферот на Данил Шишкарев во Веспрем и неговиот коментар дека иднината на Вардар е неизвесна беше најава за кризата која ќе донесе и други заминувања на играчите.