Дисингер опериран, се враќа во април

Левиот бек од Германија, Кристијан Дисингер во финишот на есенскиот дел од сезоната е загубен за настап бидејќи заработи повреда која го одалеку од терените на последните неколку средби.

„Дисингер има иста повреда како што имаше Стоилов. Тој мораше да биде опериран, а и враќањето на теренот ќе биде приближно исто“, коментираше тренерот Кокшаров.

Ова значи дека хируршката интервенција е направена на коленото на Дисингер и дека тој ќе мора да биде на пауза во следните 4-5 месеци. Доколку оди сè во најдобар ред тогаш тој би требало да се врати на терените во март или април следната година.