Дисингер не се задржа долго во Катар, се сели во данскиот Колдинг?

Поранешниот германски репрезентативец Кристијан Дисингер, се наоѓа пред трансфер во данскиот тим Колдинг, пишува ТВ2.

Тој ќе биде на проба во следните неколку дена, па двете страни потоа ќе разговараат уште еднаш пред да го потврдат трансферот.

Дисингер минатата сезона ја мина во катарскиот тим Ал Духаил, откако претходно две сезони беше дел од романскиот тим Динамо Букурешт, каде не се изнаигра.

Левиот бек настапуваше три сезони и во Вардар, со кој се искачи на европскиот врв во 2019 година по триумфот над Веспрем.

Со германската репрезентација стана европски шампион во 2016 година, по што следуваа трансферите во Сиудад Реал, Кадетен Шафхаузен, Кил…