Динамо Букурешт плати 30.000 евра за најталентираниот младинец во Романија

Младиот репрезентативец на Романија, Даниел Станчук, кој има забележано настапи и за сениорската репрезентација на својата татковина, направи трансфер во Динамо Букурешт.

19-годишниот капитен на младинската романска репрезентација и раководството на Динамо Букурешт се договорија на соработка, со важност од четири години.

Станчук потекнува од школата на Сучаева, клуб во кој освои олем број на медали и награди во различни младински натпреварувања, додека на само 16 години потпиша професионален договор со сениорскиот тим.

Неговите одлични настапи беа забележани од раководството на старо-новиот шампион на Романија, особено на тренерот Чави Пасквал, па така младиот ракометар ќе има одични услови за напредок во својата кариера.

Романските медиуми пренесуваат дека тимот на Динамо Букурешт на Сучеaва и платил 30.000 евра оштета за трансферот на младата ѕвезда. Динамо Букурешт претходно се засили со репрезентативецот на Унгарија, Миклош Роста.