Димовски: Лошото прво полувреме го одлучи победникот, Струга ги искористи сите наши грешки

Тимот на КЛ7 загуби со 23-28 од Струга и ја пропушти приликата да остане во конкуренција за место во плеј-офот во суперлигашката конкуренција.

Десниот бек Мартин Димовски смета дека лошо одиграното прво полувреме било клучно за поразот од директниот ривал за место во плеј-оф.

„Стартуваме многу лошо. Противникот ги искористи нашите грешки и ја направи разликата. Во вториот дел заигравме подобро и се вративме во натпреварот, но лошиот прв дел беше одлучувачки. Ова беше многу значаен натпревар за нас, но тоа е тоа – продолжуваме понатаму“, изјави Димовски.

На КЛ7 му остануваат уште две средби од регуларниот дел во Суперлигата, на гости кај Јуниор КВ и дома против Астраион.

Дербито во Скопје за Струга, плеј-офот веќе на дланка

Суперлигашкиот плеј-оф стана реалност за стружани (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Танески: Пред стартот на сезоната немавме ни буџет, ни амбиции за плеј-оф, ама сега….

Јовановски: Коцките полека се склопуваат, Струга нема да биде лесен плен за ниеден тим