Димитриоски и Ваљадолид не можеа против моќната Барса

Тимот на Ваљадолид, каде што игра Димитар Димитриоски, загуби на двобојот со шампионот Барселона со убедливи 42-28.

Каталонците по убедливиот триумф кај Алборг, иако без неколку стандардни ракометари, немаа проблеми на гостувањето кај Ваљадолид.

Димитриоски успеа да постигне еден погодок во мрежата на актуелниот шпански и европски шампион.

За тимот на Ваљадолид не настапи вториот македонски интернационалец Дарко Димитриевски.