Димитар Димитриоски успешно опериран (ФОТО)

Ракометарот на Еурофарм Пелистер 2, Димитар Димитриоски успешно е опериран по повредата на менискусот поради која не играше во претходниот период.

Средниот бек беше важна алка во ростерот на Александар Јовиќ во есенскиот дел од Суперлига, но следниот период битолскиот тим ќе мора да се снаоѓа без неговите услуги.

Димитриоски наскоро ќе го започне процесот на рехабилитација, а наскоро се очекува и да се врати на теренот.

Еурофарм Пелистер 2 стартуваше со пораз од Бутел Скопје во плеј-офот, а претстојниот викенд го очекуваат натпреварите од Купот на Македонија.