Дибиров: Ќе биде тешко против Загреб, но дома очекуваме само победа

Ракометарите на Вардар ги очекува важен натпревар од Лигата на шампионите в среда против хрватскиот првак Загреб.

Левото крило Тимур Дибиров очекува триумф против “плинарите” и втор триумф во серија по победата над Монпелје.

“Мислам дека среќни сме што ќе играме дома во вториот дел од сезоната, очекуваме голема поддршка за важниот натпревар. Во одбра серија сме, играме подобро од претходно, имаме тежок распоред со натпревари и патувања, но ќе бидеме концетррирани на Загреб, но од нас зависи колку добро ќе се спремиме и ќе се држиме до планот и мислам ќе биде добро. Загреб е добра екипа, во добра форма се, но се надевам дека ние ќе победиме, дома очекуваме само победи. Знаеме дека ќе биде тешко, за нас најважно е да победиме”, вели Дибиров.

И Вардар и Загреб победија фаворити во претходното коло.

“Знаеме и ние и Загреб колку се важни бодовите на овој натпревар. Ќе има многу нервоза и борба, ама ако сакаме следна фаза, мора да го победиме директниот ривал. Сигурно и тие мислат така, имаме голем респект кон нив”, заврши Дибиров.

Натпреварот меѓу Вардар и Загреб се игра в среда во СЦ “Јане Сандански” со почеток во 20:45 часот.