Дејвис: Ова беше натпревар за „се или ништо“, сега може да бидеме помирни

Македонскиот шампион Вардар го победи Загреб со 20-19 во драматичен натпревар и скокна на петтото место на табелата во Лигата на шампионите.

Тренерот Давид Дејвис е среќен по триуфот, иако потенцира дека овој натпревар не беше убав за гледање.

„Среќен сум со победата. Натпреварот беше многу тежок како секој во ЛШ. Играчите беа нервозни, не беше убав за гледање овој дуел, но тоа е тоа. Сите знаеја дека овој натпревар беше „се или ништо“. Сакаме да продолжиме со работа, имаме густ распоред и играме секој втор ден и нема време за подготовки. Ова е важна победа за нас, за клубот, за сите. Сега имаме помирен распоред и ќе може да тренираме повеќе за да влезат во системот и Додиќ и Крстевски, затоа што мораме да направиме промени во нашата игра. Продолжуваме со работа и ќе видиме како ќе завршиме во ЛШ“, вели Дејвис.

Следен предизвик за вардарци ќе биде незгодното гостување кај белорускиот првак Мешков Брест, кој веќе нема шанси за место во осминафиналето.