Десподовска гази во Полска, одново во избор за играч на колото (ЛИНК)

Интернационалката од Македонија во првенството на Полска, Зорица Десподовска игра во неверојатна форма и е една од најдобрите ракометарки во овој шампионат.

Откако во минатото коло беше во изборот за ракометарка на колото, сега одново е меѓу трите најдобри.

Таа го предводеше својот клуб до нова победа, а покрај тоа се најде и во тимот на колото. Новото признание доаѓа со сместувањето во најдобрите три така што одново може да се гласа за неа и да се помогне да биде избрана за играч на колото во Полска.

Таа е во трка со беата Ковалчук и Силвија Матушчук, а на линкот подолу можете да отворите и да гласате за неа.