Деспина издржа едно полувреме во Автокоманда, бодовите останаа за Металург

Составот на Металург, кој во претходното коло направи изненадување и одигра нерешено против Куманово, денеска на свој терен потешко од очекуваното дојде до победа против екипата од Прилеп, Деспина, со резултат 31:25, во натпревар од 9. коло од плеј-офот во Женската лига.

Домаќинките имаа добар старт и со погодоците на Божиноска, Младеновска и Коловска дојдоа до водство од 3:1. Иако се очекуваше дека ракометарките на Јулијана Дамчевска ќе имаат лесна задача, сепак Деспина со расположената Елена Рипилоска се покажа како тврд противник во првите 30. минути.

Металург во најголемиот дел од првата половина од првото полувреме водеше со два до три гола разлика. По водството на Металург од 13:10, гостинките од Прилеп со серија од 3:0 го изедначија резултатот на 13:13. Во последните десет минути од првиот дел имаше уште едно израмнување на резултатот од страна на Деспина, 15:15. Металург не дозволи Деспина да направи целосен пресврт и на полувреме замина со водство од три гола разлика, 19:16.

Деспина во второто полувреме не успеа да направи камбек бидејќи домашниот тим заигра поквалитетно во нападот и одбраната, не дозволуваше лесни погодоци како во првото полувреме и веќе при резултат од 27:22 во 50. минута, јасно беше дека бодовите ќе останат во Автокоманда.

Најефикасна во победничката екипа беше Ива Божиноска со седум погодоци, сите ги постигна во првото полувреме, додека по пет погодоци постигнаа Мила Трајковиќ и Ива Младеновска. Кај Деспина први стрелци беа Сања Цветкоска со осум и Елена Риполоска со седум погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ14121137
2КУМАНОВО14101331
3ЧАИР14100430
4ВАРДАР1481525
5ПЕЛИСТЕР 20121442814
6СТРУЖАНКА1411124
7ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1411124