Денеска на терените: Охрид и Струга го комплетираат 13. коло

Со натпреварот меѓу Охрид и Струга кој ќе се одигра вечерва ќе дојде до комлетирање на 13. коло од Супер машката лига, па до крајот на сезонаа ќе останат уште четири средби.

Како и другите средби од 13. коло и оваа беше одложена во саботата кога требаше првично да биде одиграна. Сепак, поради смртниот случај на ракометар на Охрид дојде до одлагање, па дури денеска ќе биде одиграна средбата.

Инаку, има малку дуели кои се предвидени денеска со оглед на тоа што сезоната е во финишот и има сè помалку натпревари.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

15:30ч

СУНГУЛ – КАУСТИК (Русија, Супер лига, плеј-аут)

18:00ч

ЗАМЕТ – БЈЕЛОВАР (Хрватска, Премиер лига)

18:30ч

ДАНКЕРК – КРЕТЕЈ (Франција 1)

ТУЛУЗ – МОНПЕЛЈЕ (Франција 1)

МЕРАНО – КОНВЕРЗАНО (Италија, Серија А)

19:00ч

ОХРИД – СТРУГА (Македонија, Супер машка лига, плеј-оф)

КАЛИШ – ММТС КВИЖИН (Полска Супер лига)

20:00ч

КА – ВАЛУР (Исланд 1, плеј-оф)

22:00ч

СТЈАРНАН – СЕЛФОС (Исланд 1, плеј-оф)