ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Битка за полуфинале на СП – Фарски Острови против Србија, Унгарија против Хрватска

Светското младинско првенство во Грција и Германија е пред самиот крај и денес по одигрувањето на четвртфиналните дуели ќе се знае кои репрезентации ќе играат во полуфиналето.

Место меѓу најдобрите осум репрезентации обезбедија Исланд, Фарски Острови, Хрватска, Србија, Португалија, Унгарија, Данска и Германија.

Изненадувањето на младинскиот Мундијал, селекцијата на Фарски Острови, против Србија ќе ја бара шансата за пласман во полуфиналето.

Фарски Острови заедно со Германија, Унгарија и Исланд моментално имаат 100% учинок, групната и главната фаза ги завршија без пораз.

Репрезентацијата на Хрватска за пласман меѓу најдобрите четири репрезентации ќе се бори против Унгарија, додека голема битка се очекува и на дуелот меѓу Исланд и Португалија, односно Германија и Данска.

Полуфиналните дуели ќе се одиграат на 1 јули, додека натпреварот за трето место, како и финалето, се закажани за 2 јули.

Денес на Светското младинско првенство ќе продолжи разигрувањето за пласман од 9 до 32 место.

Распоред на денешните натпревари

13:15 ФАРСКИ ОСТРОВИ – СРБИЈА

15:45 ИСЛАНД – ПОРТУГАЛИЈА

18:30 УНГАРИЈА – ХРВАТСКА

21:00 ГЕРМАНИЈА – ДАНСКА