Делегација на ЕХФ на средба со Михајловски – Вардар се спрема за Европа? (ФОТО)

Актуелниот првак на Македонија сезонава не игра во Европа, но се подготвува за враќање во европската елипа. Натпреварот меѓу Вардар и Прилеп од 10 коло во суперлигашката конкуренција, го следеа и двајца високи функционери на ЕХФ.

Откако Михаел Видерер се врати утринава во Виена по брифингот со дел од одбраните медиуми, во Скопје останаа членката на Извршниот Комитет, Габриела Хорват и генералниот секретар на ЕХФ, Мартин Хауслајтнер.

Тие на трибините во СЦ „Јане Сандански“ беа со спонзорот на македонскиот шампион Вардар, Михајло Михајловски. Го изгледаа целиот меч што го доби Вардар, и се запознаа со плановите на „црвено-црните“ за во иднина.

„Црвено-црните“ лани го загубија местото во Лигата на шампионите, а ќе биде неизвесно што ќе се случува со местото на Македонија во елитната конкуренција, ако Вардар повторно стане првак.